36-годишната професорка од Австралија не освои медал во брејкденсинг, но го освои интернетот

Една по една, брејкденсерките се појавуваа на подиумот во петокот во широки пантолони, бандани, кратки маички, капчиња, преголеми маички или друга препознатлива хип-хоп облека. Но тогаш се појави и Рејчел Ган, B-girl Raygun, облечена во стандардната олимписка униформа, со маичката во пантолоните, како класична 36-годишна професорка.

„Не бев известена дека нема да ги носиме боите на нашите држави. Што се случува?“ се пошегува таа.

Таа беше свесна дека не е облечена како да припаѓа на тој натпревар, ниту пак дека може да се носи со останатите натпреварувачки. Во натпревар со светски шампиони и млади таленти, таа беше аутсајдер, поранешна танчерка со докторат во културни студии и работа како професорка во Сиднеј.

„Дојдов на настанот очекувајќи дека нема да освојам поен“ изјави таа.

И не освои, губејќи ги сите три рунди со 18:0 во нејзиниот прв натпревар, кога брејкденсингот го имаше своето деби на Олимписките игри во петокот.

Таа настапи со нејзин „уникатен“ стил, кој гледачите го оценија како зафрканција. Таа потскокнуваше на сцената, подигајќи тупаницата во воздух. Таа ги стегна мускулите и го избриша долниот дел од нејзините бели патики како баба. Се лизна на подот како наставничка по физичко и во еден момент се вртеше како риба на суво.

„Секој има свој стил во брејкденсигот. Мојот стил не е за вакви настани. Може да ја видите динамиката, брзото движење со нозето, сопирањата, моќните движења“ се шегуваше Ган.

Таа сепак беше добра за жена која што со брејкденсинг започнала во нејзините 20ти години, преку нејзиниот сопруг, а на Олимписките игри се пласирала како најдобра во Океанија.

„Никогаш не сум настапувала на толку голема сцена. Немаме такви настани во Австралија“ објасни Ган.

За разлика од останатите натпреварувачи во брејкденсинг, тоа за неа не е професија. Таа го поминува времето предавајќи и истражувајќи танци, родова полтика и динамиката помеѓу теоретските и практичните методологии.

„Во 2023 година моите студенти не ми веруваа кога им кажав дека тренирам за да се пласирам на Олимписките игри и беа шокирани кога видоа дека се пласирав“ изјави таа пред Олимпијадата.

Извор: Јаху спортс

Најново

Последни колумни