35-ти роденден на Симпсонови

Досега се снимени повеќе од 30 сезони од оваа ултра популарна анимирана серија

На денешен пред, пред 35 години, е емитувана првата епизода на една од најпопуларните телевизиски серии во историјата, ,,Симпсонови”.

Бргу потоа, ликовите од оваа американска анимирана серија станаа културен феномен. Хомер, Марџ, Барт, Лиза и Меги, како и останатите ,,бизарни” ликови ги освоија срцата на гледачите.


Автор на серијата, којашто е пародија на американската култура и општество, е Мет Грининг. Дејството е во измислениот град Спрингфилд. Досега се снимени над 30 сезони, сите исполнети со несекојдневен и уникатен хумор. ,,Симпсонови” имаат добиено и бројни награди.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни