Сите комерцијални аеродроми на просторот на поранешна Југославија во првите два месеци од 2025 година обслужиле вкупно 3.495.866 патници, од кои 1.662.167 патувале во февруари. Иако е најкраткиот месец во годината, февруари донесе интересни промени – Љубљана го надмина Подгорица, и покрај тоа што и двата аеродрома бележат пад на патници споредено со истиот период лани.
Подгорица со најслаб февруари од 2022 година
Причината за тоа е најмногу сечените летови на Ryanair, кој во зимската сезона остави само една линија од главниот град на Црна Гора. Намалената понуда значеше и пад на капацитетот за 56,1%, односно 7.632 седишта помалку во февруари.
Скопје во пад, но подобро од други
Аеродромите во Ниш и Охрид исто така бележат намалување на патничкиот сообраќај, најмногу поради скратувањето на капацитетот на Wizz Air.
Скопје е рангирано на 124-то место во Европа, веднаш зад Фиренца, Корк и Салцбург, но пред Сантијаго де Компостела, Инсбрук и Рованиеми.
Сараево е на 144. позиција, зад Шенон, Ла Палма и Кутаиси, но пред Монпелје, Каунас и Лил.
Најуспешни аеродроми од регионот
Во првите два месеци од 2025 година, Белград и Приштина влегоа во топ 100 најпрометни европски аеродроми, заземајќи 68. и 95. место.
- Белград е веднаш зад Софија, Фуертевентура и Малта, но пред Базел, Тенерифе и Келн.
- Приштина е пред Луксембург, Рим Чампино и Кишињев.
- Загреб се најде на 104. место – зад Њукасл, Тронхајм и Тромсо, но пред Вроцлав, Ставангер и Калијари.
Најпрометни аеродроми во Европа (јануари – февруари 2025)
- Истанбул (главен аеродром) – 12.130.049 патници
- Лондон Хитроу – 12.037.632
- Париз Шарл де Гол – 10.344.634
- Мадрид – 10.007.117
- Амстердам – 9.497.326
- Франкфурт – 7.790.630
- Барселона – 7.444.616
- Истанбул Сабиха Гокчен – 6.889.292
- Рим Фјумичино – 6.406.973
- Лондон Гетвик – 5.296.904
Од овие, четири аеродроми сè уште не го достигнале нивото од пред пандемијата во 2019 година:
- Париз Шарл де Гол (-1.1%)
- Амстердам (-3.6%)
- Франкфурт (-15.4%)
- Лондон Гетвик (-12.5%)
Во февруари, водечките авиокомпании според бројот на закажани седишта во регионот беа Wizz Air, Air Serbia, Ryanair и Turkish Airlines.
Податоците се однесуваат на периодот јануари–февруари 2025 година.
Извор: EX-YU Aviation