Најмалку 33 загинати од удари на гром во Индија

Најмалку 33 лица го загубиле животот, а десетици се повредени во удари на гром во последните два дена во индиската сојузна држава Бихар, на североистокот од земјата, соопштија денеска локалните власти.

Поголемиот дел од жртвите страдале од ударите на гром додека работеле на нивите, информираше раководителот на службата за итни ситуации во регионот.

Според официјалните податоци, само во текот на 2024 година, од удари на гром во Бихар загинале најмалку 243 лица.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни