Организаторите, Детскиот културен центар Карпош, со поддршка од Градот Скопје, најавуваат вечер полна со колорит и емоции, каде младите учесници од различни делови на светот ќе ги претстават своите традиционални танци и обичаи. Фестивалот, кој е симбол на пријателството помеѓу децата од различни земји, претставува платформа за културна размена и зближување, а истовремено придонесува кон зачувување на културното богатство на нашата земја.
Преку овој настан, Скопје уште еднаш ќе потврди дека е град кој ја негува и промовира својата традиција, отворајќи ги своите врати за младите амбасадори на културата од целиот свет.