33. издание на Меѓународниот детски фолклорен фестивал „Оро без граници“ во Градски парк

Денес, со почеток во 19 часот, кај Школка во Градскиот парк во Скопје, ќе се одржи 33-тото издание на Меѓународниот детски фолклорен фестивал „Оро без граници“. Овој фестивал, кој се одржува веќе три децении, има за цел да го зачува и промовира богатото културно наследство, традициите и фолклорот по кои е препознатлив Градот Скопје.

Организаторите, Детскиот културен центар Карпош, со поддршка од Градот Скопје, најавуваат вечер полна со колорит и емоции, каде младите учесници од различни делови на светот ќе ги претстават своите традиционални танци и обичаи. Фестивалот, кој е симбол на пријателството помеѓу децата од различни земји, претставува платформа за културна размена и зближување, а истовремено придонесува кон зачувување на културното богатство на нашата земја.

Преку овој настан, Скопје уште еднаш ќе потврди дека е град кој ја негува и промовира својата традиција, отворајќи ги своите врати за младите амбасадори на културата од целиот свет.

Најново

Последни колумни