33 годишната Роха Хесмати добила 74 удари со камшик, бидејќи не носи хиџаб

Иранските власти ја камшикувале 33 годишаната девојката 74 пати поради „нарушување на јавниот морал“ и ја казниле затоа што не носи хиџаб.

Роја Хешмати, иранска активистка за правата на жените, е казнета со 74 удари со камшик и парична казна поради „неносење хиџаб“, потврди нејзиниот адвокат.

„Осудената Роја Хешмати поттикна срамни појави на јавни места во Техеран. Казната од 74 удари со камшик е извршена во согласност со шеријатскиот закон за кршење на јавниот морал“,, стои на веб-страницата на судот.

На Хешмати и беше наредено да плати и парична казна.

Веста за пресудата Роја ја објави преку видео на својот Инстаграм профил, а објавата предизвика голем гнев кај граѓаните на Иран.

„Оваа земја им припаѓа на сите. Законот нека си ја заврши работата, ние ќе продолжиме со нашиот отпор“, напиша Роја.

Од друга страна, властите во Иран тврдат дека таа не била казнета поради фотографиите без хиџаб кои ги објавила на социјалните мрежи, туку поради тоа што, како што велат, наводно добила пари за тоа.

Многу познати личности во Иран ја поздравија борбата на Роха, меѓу кои и познатата уметница и политичарка Захра Рахванарад.

„Го удривте Роха Хашмати, но со разбудена совест и издржливост, таа ви се смее. Згрозен сум од начинот на кој владеете“, напиша Рахванарад.

Надзорни камери
Сите жени во Иран се обврзани со закон да ги покриваат вратот и главата.

Камшикувањето поради кршење на кодексот на облекување е невообичаено во Иран, иако официјалните лица сè повеќе ги казнуваат оние кои им пркосат на правилата, откако оваа практика стана почеста за време на антивладините протести кои започнаа кон крајот на 2022 година поради смртта на младата девојка, Махса Амини.

Официјалните лица поставија камери за надзор на јавни места за да ги следат прекршувањата.

Иранскиот парламент расправаше и за нацрт-законот со кој ќе се заострат казните за оние кои го прекршуваат кодексот на облекување.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни