3,1 милион невработени нашле работа во ЕУ помеѓу два квартали, покажува Евростат

Во Европската Унија, помеѓу првиот и вториот квартал од оваа година, 3,1 милион невработени лица на возраст од 15 до 74 години нашле работа, објави денес Евростат.

Канцеларијата на ЕУ задолжена за статистика наведува дека ова претставува 23,8% од сите невработени лица во првиот квартал.

Во истиот период, околу 6,8 милиони луѓе (51,9%) останале невработени, додека 3,2 милиони лица (24,3%) излегле од работната сила, односно престанале да бараат работа или да бидат активни на пазарот на труд.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни