Последниот ден од март им носи судбоносен пресврт на два хороскопски знаци

За Девицата и Лавот, последниот ден од март може да донесе важни разговори, рушење илузии и одлуки што ќе го сменат текот на следните месеци.

Самиот крај на март 2026 носи силен енергетски пресврт. По турбулентен период исполнет со преиспитувања, многумина конечно ќе почувствуваат олеснување.

Астролошки гледано, завршницата на месецот ги активира темите на нови почетоци, затворање стари поглавја и носење важни одлуки што повеќе не можат да се одложуваат.

Сепак, за два хороскопски знаци, 31 март може да биде ден што менува сè.

Девица

За Девиците, крајот на месецот носи кулминација на сè што се насобирало со недели. Во текот на март тие веќе беа соочени со теми поврзани со односите, довербата и личните граници, а сега доаѓа моментот кога повеќе нема бегање од реалноста. Крајот на март на овој знак може да донесе раскин или редефинирање на однос, ненадејно разочарување од блиска личност, но и големо лично ослободување.

Ова е момент кога Девицата конечно престанува да ги „крпи туѓите проблеми“ и почнува себеси да се става на прво место.

Лав

Лавовите влегуваат во последните денови од март со силен внатрешен притисок. Во текот на месецот давале многу, емоции, енергија и поддршка, но не секогаш го добивале истото за возврат.

Токму 31 март им носи важен разговор или соочување, прекин на токсичен однос или одлука повеќе да не прифаќаат минимум. Ова е денот кога Лавот престанува да молчи и конечно го кажува она што долго време го задржувал во себе.

Крајот на месецот носи енергија на затворање циклуси и подготовка за нов почеток, особено по силните планетарни поместувања во текот на март.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни