31 година затвор за британскиот лекар за обид за убиство со лажна ковид вакцина

Д-р Томас Кван се маскирал како медицинска сестра која доаѓа во домашни посети, за да му вбризга отров на Патрик О’Хара, бидејќи стравувал дека постариот човек ќе има право на дел од наследството на неговата мајка

Британски лекар кој бил незадоволен од семејното наследството и вбризгал отров на партнерот на мајка му, притоа лажно претставувајќи го како вакцина против Ковид – 19, вчера доби затворска казна од 31 година.

Д-р Томас Кван се маскирал како медицинска сестра која доаѓа во домашни посети, за да му вбризга отров на Патрик О’Хара, бидејќи стравувал дека постариот човек ќе има право на дел од наследството на неговата мајка.

Инаку Кван минатиот месец пред судот во Њукасл се изјасни за виновен за обид за убиство, пренесува „Reuters“.

О’Хара преживеа откако помина неколку недели на интензивна нега и му беше ампутиран дел од раката за да се спречи ширењето на некротизирачки фасцитис, а по обидот за убиство, О’Хара и мајката на Кван, Џени Леунг се разделија.

Полицијата користела снимки од надзорните камери за му влезе во трага на Кван. Притоа полицијата откри дека тој смислил заговор со испраќање лажни писма со лого на „NHS“, хиперлинкови, па дури и „QR“ код за да му понуди на О’Хара домашна посета за вакцинирање.

Потоа Кван се маскирал со помош на заштитната опрема од глава до петици, носел и затемнети очила и хируршка маска, а дури користел и лажни регистарски таблички на својот автомобил кога одел на средба со старецот, при што му го вбризгал отровот.

Подоцна се дознало дека Кван имал морбидна опсесија со отрови, и користел јодометан, супстанција која може да се пронајде во пестицидите, а за која сметал дека на лекарите ќе им биде тешко ќе ја откријат, објасни судијата.

При претресот на неговата куќа, полицијата пронашла арсен, течна жива и рицинусово масло, од кои може да се направи хемиското оружје рицин, додека на својот компјутер Кван имал и инструкции како да направи рицин.

Кван бил вознемирен од можноста да добие помал дел од наследството на мајка му. Тој имал заострени односи со мајка му, а подоцна дознал и дека во нејзиниот тестамент постои одредба која би му овозможила на О’Хара да остане во нејзиниот дом доколку таа почине пред него. Поради тоа се одлучил да го измами и да се обиде да го убие старецот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни