30 – јули Меѓународен ден на пријателството

Денес на 30 јули, светот го одбележува Меѓународниот ден на пријателството.

Датумот 30 јули е избран од страна на Генералнотo coбраниe на Обединетите Нации со идејата дека пријателството помеѓу народи, земји, култури и индивидуи може да инспирира мировни напори и да изгради мостови помеѓу заедниците. Овој „празник“ за првпат бил прославен во 2011 година.

Овој празник се славеше и претходно, но не беше признат официјално. Во негова чест, во 1988 година сопругата на тогашниот Генерален секретар на ОН, Кофи Анан, го прогласи мечето Вини Пу за светски Амбасадор на пријателството на ОН.

Денеска го посветуваме денот на нашите пријатели. На оние со кои се дружиме, кои ги сакаме и кои се дел од нашиот свет. Пријателствата нè расположуваат, нè одржуваат во позитивна благосостојба и ни го прават животот поубав. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни