30 години ,,Пред Дождот” на Милчо Манчевски

„Пред дождот“, првиот и засега единствен македонски филм кој бил во конкуренција за Златен лав на најстариот филмски фестивал на светот

На 6 септември 1994 година, „Пред дождот“ имаше светска премиера на 51. Венециски филмски фестивал во главната конкуренција за Златен лав.

Тогаш, на првата официјална проекција во 18 часот, во Сала Гранде на Лидо се појави директорот на Мостра – легендарниот италијански режисер Џило Понтекорво, кој ја пречека екипата на филмот и посебно срдечно се поздрави со режисерот дебитант Милчо Манчевски.

Режисерот Манчевски се сеќава дека тогаш Понтекорво му рекол: „Прашај кого сакаш, сите ќе ти кажат дека јас за сите овие години што сум директор на Мостра, никогаш досега не сум дошол на проекција на еден филм кој е во конкуренција за награди. Ама, за твојот филм решив да дојдам и лично да му изразам поддршка“.

„Запомнете го ова име, Милчо Манчевски, зашто ќе стане славно“, напиша италијанскиот весник „Ла Република“ по премиерата на „Пред дождот“, првиот и засега единствен македонски филм кој бил во конкуренција за Златен лав на најстариот филмски фестивал на светот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни