На 30 октомври пред 30 години во етер излезе Wonderwall апсолутен хит и една од најпознатите песни на англискиот рок бен Oasis.
Опишана од главниот гитарист и главен текстописец Ноел Галагер, кој ја напишал песната и ја ко-продуцирал со Овен Морис , како песна за „имагинарен пријател кој ќе дојде и ќе те спаси од самиот себе“,
„Wonderwall“ стигна до првите десет најслушани песни во 15 земји и се искачи на врвот на топ листите во Австралија и Нов Зеланд, се искачи на второто место и на британската и на ирската топ листа за синглови и стигна до првите 10 во Канада и САД.
Синглот беше сертифициран осумкратно платинест од Британската фонографска индустрија (BPI) и 12 пати платинест од Австралиската асоцијација на музичката индустрија (ARIA).
Музичкото видео, во режија на Најџел Дик, ја освои наградата за британско видео на годината на доделувањето на наградите „Брит“ во 1996 година.
Во октомври 2020 година, таа стана првата песна од 1990-тите што достигна една милијарда преслушувања на 
Spotify 
 
				 
				 
								 
								 
								 
								