Три растенија кои привлекуваат среќа и просперитет во вашиот дом!

Овие растенија не само што ќе привлечат среќа, туку и ќе го направат вашиот дом поубав.

Привлечете љубов, пари и среќа со помош на три магични растенија. Овие растенија не само што ќе привлечат среќа, туку и ќе го направат вашиот дом поубав.

Бамбус
Среќниот бамбус е растеније кое лесно се одржува, а фенг шуи мајсторите веруваат дека привлекува позитивна енергија.

Свитканата верзија на бамбусовото стебло симболизира успех, додека ако сакате среќна љубов и стабилен брак, ставете два бамбуса во една ваза. За поголем успех и пари во домот, чувајте три или девет бамбуси, а најдобра позиција за нив е левиот дел од куќата, најдалеку од влезните врати.

Орхидеја
Чудесниот цвет на орхидејата во фенг шуи се користи за привлекување на нова љубов.

Ако сте осамени, искористете ја магијата на орхидејата и чувајте една во спалната соба, на ноќниот ормариќ покрај креветот.

Златен бршлен
Златниот бршен е декоративно растение кое совршено се вклопува во секој дом и е идеално за одбивање на негативната енергија.

„Мртовиот“ агол во куќата или празните полици се совршени за златен бршљан, кој одбива негативност и привлекува светлина, велат фенг шуи мајсторите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни