Понеделникот кој измина, 3 јули, беше најжешкиот ден некогаш измерен во светот, според податоците на Националниот центар за предвидување на времето од САД. Просечната глобална температура достигна 17,01 степени Целзиусови, надминувајќи го рекордот од август 2016 година од 16,92 Целзиусови степени, додека топлотни бранови го зафатија светот.
Јужниот дел на Соединетите Американски Држави беше погоден од интензивна топлина изминативе денови. Во Кина, продолжи долготрајниот топлотен бран, со температури над 35 Целзиусови степени. Северна Африка забележала температури близу 50 Целзиусови степени.

Па дури и Антарктикот, каде моментално е во зима, регистрира абномално високи температури. Украинската истражувачка база Вернадски на аргентинските острови на белиот континент неодамна го собори својот температурен рекорд во јули со 8,7 Целзиусови степени.
„Ова не е пресвртница што треба да ја славиме“, рече климатскиот научник Фридерике Ото од Институтот за климатски промени и животна средина Грантам на британскиот Империал колеџ во Лондон.
„Тоа е смртна казна за луѓето и екосистемите“
Научниците велат дека климатските промени, во комбинација со новонастанатата појава на Ел Нињо, се главните виновници за високата температура.

„За жал, ова ќе биде само првиот во серијата нови рекорди поставени оваа година, бидејќи зголемувањето на емисиите на јаглерод диоксид и стакленички гасови заедно со растечкиот настан Ел Нињо ги турка температурите до нови височини“, вели Зеке Хаусфатер истражувач од Berkeley Earth.
Извор: Reuters