Патник кој објавил снимка од азербејџански авион што се срушил во казахстанскиот град Актау, објавил ново видео на кое се гледа како преживеал падот.
Според медиумите од Азербејџан, падот на авионот го преживеале вкупно 29 луѓе, од кои 14 се државјани на Азербејџан.
Службите наведуваат:
„Тријажа се врши на ниво на Итна помош. Од 27 лица, 11 се тешко хоспитализирани на интензивна нега.“
Патникот кој го преживеал падот објавил видео на социјалните мрежи, на кое се гледа како спасувачите пристапуваат до леталото и вршат тријажа на местото на настанот.
По падот на авионот, во Казахстан е покрената кривична постапка според членот за прекршување на безбедносните правила при управување со авионите.
Слични истраги се отворени и во Русија и Азербејџан. Претседателот на Казахстан, Касим-Јомарт Токаев, наредил формирање комисија за истрага на падот на патничкиот авион.
Од друга страна, лидерот на Азербејџан, Илхам Алиев, изјавил дека причините за падот сè уште не се познати и дека постојат неколку различни верзии.