28 милиони шишиња Кока Кола повлечени од пазарот во Австрија поради метални честички

Ова е најголемото повлекување на производи во Австрија во последните 25 години, соопшти портпаролот на агенцијата за пазар во Виена, Александер Хенгл

Кока-Кола ќе повлече 28 милиони пластични шишиња од половина литар во Австрија поради можноста тие да содржат метални честички поради грешка во производството. Фабриката објави дека ќе бидат повлечени шишиња од Coca-Cola, Fanta, Sprite и MezzoMix со рок на употреба до 4 февруари 2025 година и до 12 април 2025 година.

Ова е најголемото повлекување на производи во Австрија во последните 25 години, соопшти портпаролот на агенцијата за пазар во Виена, Александер Хенгл.

Не може да се исклучи можноста дека многу ограничен број од овие шишиња би можеле да содржат метални честички поради техничка грешка во производството, соопшти компанијата.

Coca-Cola истакна дека не сите шишиња од овој период биле продадени. Многу од нив сè уште се во компанијата или во малопродажните складишта, додаде портпаролот. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни