27 март, Светски ден на театарот- Празник на сценската уметност

Првата Меѓународна порака за Денот на светскиот театар ја напишал Жан Кокто (Франција) во 1962 година. Првично во Хелсинки, а потоа во Виена на 9-тиот Светски конгрес на ITI во 1961 година, претседателот Арви Кивимаа предложил, во име на Финскиот центар на Меѓународниот театарски институт, да се воведе Ден на светскиот театар

„Театарот е моќна работилница и погон за приказни. Во театарот приказната не се РАСКАЖУВА, туку се ПОКАЖУВА. Таа е сега и тука, пред нас, на дофат. Театарот е мегдан на кој го остриме алатот на нашата приказна, разбој на кој ги ткаеме нејзините конци, тука го вежбаме мускулот на нашата свест и совест, го уточнуваме нишанот на нашата акција, ја ставаме на вага нашата историја и судбина. Ја покажуваме нашата приказна – нашата вистина за тоа кои сме биле, кои сме и кои сакаме да бидеме за однапред„ ќе напише Горан Стефановски.

Светскиот ден на театарот се слави секоја година на 27 март почнувајќи од 1961 година кога започна да се одбележува на иницијатива на Меѓународниот театарски институт (ITI).

Различни национални и меѓународни театарски настани се организираат за да се одбележи овој ден. Еден од најважните од нив е Меѓународната порака за Денот на светскиот театар преку која, по покана на ITI, фигура од светска важност ги споделува своите размислувања на темата „Театар и култура на мир“. Првата Меѓународна порака за Денот на светскиот театар ја напишал Жан Кокто (Франција) во 1962 година. Првично во Хелсинки, а потоа во Виена на 9-тиот Светски конгрес на ITI во 1961 година, претседателот Арви Кивимаа предложил, во име на Финскиот центар на Меѓународниот театарски институт, да се воведе Ден на светскиот театар. Предлогот, поддржан од скандинавските центри, беше прифатен со аплауз.

Во пораката за 2025 година, грчкиот режисер Теодорос Терзопулос поставува бројни тешки прашања за кризите со кои се соочуваме денес, а неговото разочарување е видливо додека театарот се бори глобално да понуди одговори.

Свестскиот ден на театарот, најстарата институција , Македонскиот народен театар ќе ja одбележи со изведбата на претставата „12“, по мотивите на Реџиналд Роуз (12 Angry Men), во адаптација и режија на Синиша Евтимов. Традиционално, пред почетокот на претставата ќе бидат прочитани меѓународната и македонската порака посветени на актуелниот театарски миг, а кои ги сподели Македонскиот центар на ИТИ. Автор на меѓународната порака е Теодорос Терзопулос, театарски режисер, едукaтор, автор, од Грција, основач и уметнички директор на Аттис – Театарска компанија, инспиратор на Театарската олимпијада и раководител на Меѓународниот комитет на Театарската олимпијада.

Авторот на македонската порака за 2025 година е актерот Емил Рубен, пензиониран актер од ансамблот на МНТ, филмски и ТВ-актер. Двете пораки ќе бидат прочитани непосредно пред почетокот на претставата, а честа да ѝ се обратат на публиката е на прекрасните актерки Арна Шијак и Софиа Насевска-Трифуновска.

Светскиот ден на театарот на 27 март годинава Драмски ќе го обележи со почит кон настраданите и повредените во националната трагедија во Кочани. Во 19 часот во фоајето на Драмски ќе се отвори изложба на фотографии со наслов „Ред XV … “ на авторот Драган Гајиќ (1967). Приходот од продажбата на фотографиите ќе биде уплатен на хуманитарната сметка за донации.   Изборот на фотографии на изложбата е направен од претставите што Гајиќ ги фотографирал во 2017 година за време на изведбите на претставите: „Хамлет“  , „Чија си“, „Чолак“, „Љубовници“, „Последните Македонци“  и „Живот во тесни чевли“. 

Обележувањето на 27 март Светскиот ден на театарот продолжува со отворањето на изложба на фотографии со наслов „Ред XV … “ на авторот Драган Гајиќ (1967) во 19 часот во фоајето на Драмски. Гајиќ дипломирал на отсекот камера на Факултетот за драмски уметности во Скопје и магистратрирал фотографија и маркетинг на NSSR NY, Њујорк.  

Кураторот на изложбата д-р Ивана Јарчевска истакнува дека авторот по трет пат изложува свои театарски фотографии во Скопје. Овој пат во Драмски театар, Скопје, каде рефлексијата од претставите кои веќе не се на неговиот репертоар го враќаат назад оној исечок од театарската магија која сме ја почуствувале тогаш, а сега на негов автентичен документаристички начин ни ја враќа како уметничко дело. Изборот на фотографии е направен од претставите што Гајиќ ги фотографирал во 2017 година за време на изведбите на претставите: „Хамлет“  , „Чија си“, „Чолак“, „Љубовници“, „Последните Македонци“  и „Живот во тесни чевли“. 

Обележувањето на Светскиот ден на театарот се заокружува со читањето на  светската порака од грчкиот режисер Теодорос Терзопулос и  македонската порака на актерот Емил Рубен пред изведбата на претставата „Фамилијата Адамс“ со почеток во 20 часот. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни