Според официјалните податоци на пакистанските власти, загинале најмалку 26 цивили, а повредени се 46 лица. Меѓу загинатите има и деца, а повеќе џамии биле тешко оштетени.
Од индиска страна, јавено е за најмалку 10 загинати цивили и 32 повредени во пакистанското гранатирање како одговор на нападите. Индија тврди дека нејзините напади биле насочени кон „терористичка инфраструктура“, додека Пакистан ги осудува нападите како агресија врз цивилното население.
Ситуацијата на границата е исклучително тензична, а обете страни мобилизираат воени сили. Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф изјави дека неговата земја има „целосно право на силен одговор“ и го нарече нападот „акт на војна“.
Меѓународната заедница, вклучувајќи ги Русија, Франција и Кина, апелира за смиреност и воздржаност, предупредувајќи на ризикот од поширока ескалација меѓу двете нуклеарно вооружени држави.