Во Кичево евакуирано бебе од еден месец

Црвениот крст обезбедува сместување, храна и психосоцијална поддршка за над 250 евакуирани, а 362 домаќинства се со материјална штета
Foto: Screenshot

Вкупно 250 лица се евакуирани и згрижени во Кичево по поплавите што го зафатија регионот, информира Црвениот крст на Република Македонија. Меѓу евакуираните има 61 дете, вклучително и бебе на возраст од еден месец.

Според податоците, од евакуираните 189 се возрасни лица – 102 жени и 87 мажи, а 11 лица се со инвалидитет. Од децата, едно е на возраст од еден месец, едно од два месеца, едно од седум месеци, додека 58 деца се на возраст од две до десет години.

Евакуираните се сместени во спортската сала „Христо Узунов“ во Кичево, каде им се обезбедени основни услови за престој. Црвениот крст информира дека на терен се дистрибуира хуманитарна помош, која вклучува храна, вода, топли оброци, душеци, ќебиња и основни хигиенски средства.

Покрај материјалната помош, волонтерите обезбедуваат и психосоцијална поддршка, како разговори и насоки за справување со стресот и последиците од поплавите. Тие учествуваат и во евакуацијата, проценката на потребите и координацијата со локалните институции.

Со материјална штета се засегнати 362 домаќинства, односно околу 1.200 лица кои се соочуваат со последиците од временската непогода.

Црвениот крст и надлежните служби остануваат на терен и продолжуваат со активностите за поддршка на погоденото население.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни