25 уапсени лица и 26 повредени полицајци – епилог од вчерашниот протест во Лондон

Четворица полицајци се тешко повредени, со скршени заби, можна фрактура на нос, потрес на мозок, помесетен диск и повреда на глава

Лондонската полиција уапси 25 лица на протестот „Да го обединиме Кралството“ организиран од крајнодесничарскиот активист Томи Робинсон.

Истовремено, полицијата потврди дека во судирите повредени биле 26 полицајци.

Полицијата соопшти дека демонстрантите покажале „значителна агресија“ и дека бројот на присутни, меѓу 110.000 и 150.000 луѓе, далеку го надминал очекуваниот.

Според соопштението, полицајците биле нападнати со тупаници, шутеви, шишиња, факели и други предмети.

Четворица полицајци се потешко повредени, со скршени заби, можна фрактура на нос, потрес на мозок, испаднат диск и повреда на глава.

Министерката за внатрешни работи, Шабана Махмуд, остро ги осуди нападите врз полицијата, ветувајќи дека сите вклучени во насилство ќе се соочат со „целата сила на законот“.

Истовремено, околу 5.000 учесници на контрапротестот „Стани против расизмот“ се собраа во близина, а двете групи ги разделувала полицијата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни