Ирскиот бодибилдер, 25-годишниот Дејв Хертреј, почувствувал неподносливи болки од застрашувачко воспаление предизвикано од земање стероиди. Лузни и мозолчиња му се појавиле по скоро целото тело, а лекарите со месеци се бореле да му ги отстранат и да му пружат помош.
„Кога го имав последниот тренинг беше најлошо. Имав толку отворени рани на грбот што морав да останам дома девет месеци додека не заздрават“, изјавил бодибилдерот. „Кога имав дваесет години почнав да тренирам бодибилдинг и навистина уживав. Користев стероиди за да го постигнам посакуваниот напредок во теретана и да ги исполнам своите соништа, да станам бодибилдер“.
Меѓу другото Дејв рекол и дека се одлучил за користење на стероиди бидејќи кариерата на бодибилдерите е кратка. Но од лошото искуство сфатил кои се контра ефекти може да ги постигнат стероидите. Сега се обидува на идните бодибилдери да им укаже токму за негативните последици.
„Многу е важно да се напомене дека со стероидите се враќате на самиот почеток. Нивното консумирање може да го доведе вашето тело во шок, односно да престане по природен пат да го лачи хормонот на тестостерон. За другите негативни последици мислам нема ни потреба да зборувам…“, вели Дејв.
Во своите објави на социјалните мрежи младиот бодибилдер раскажува и за првите видливи негативни ефекти од користењето на стероиди.
„Првиот осип на грбот го добив во средината на 2020 година кога ја намалив количината што ја консумирав. Неколку луѓе ме предупредија дека е време да престанам особено кога ги добив првите мозолчиња и лузни, но јас бев цврсто решен да ги исполнам соништата. Убеден бев дека сакам да бидам бодибилдер, по што отидов и во категорија на професионални бодибилдери“, вели Дејв.
И покрај првите појави на несакани ефекти тој не застанал. Напротив продолжил да чекори по зацртаниот пат. Во 2021 повторно се соочил со уште пообилни осипи, мозолчиња и лузни по грбот. За жал тие по кусо време се прошириле на секаде, по целото негово тело, дури и на прстите од рацете.
„Во тој момент сфатив дека го запоставив секој друг сегмент од мојот живот и дека грбот ми е полн со чирови. Не можев да носам облека, бидејќи ги притискаше и тие пукаа, а тоа создаваше неподнослива болка. Решив да се ослободам од се и да престанам да земам стероиди, но потоа имав уште еден „пожар“, што беше најлошото до тогаш“, додава Дејв.
Последниот случај на појава на чиреви по целото тело му пресудил да се повлече и еднаш за секогаш да престане со употреба на стероиди. Денес Дејв се соочува со друг проблем, а тоа е како да се врати на стариот живот пред да почне со користење на стероиди, односно да се ослободи од лузните по телото.
Извор: slobodnadalmacija.hr