25 деца се меѓу 27те загинати по падот на воен авион во Бангладеш

„Во несреќата загинаа 25 деца, пилотот и еден наставник“, изјави Саједур Рахман, помошник на главниот советник за здравство

Најмалку 25 деца се меѓу 27-те тела извлечени од уништените згради откако авион на воздушните сили на Бангладеш вчера се урна во училиштен кампус во главниот град Дака. Властите кажаа дека 88 луѓе, најголем дел ученици, се во болница.

Авионот „Ф-7“, кој бил на рутински тренинг-лет, се урна набргу по полетувањето од воздушната база во градот. Војската кажа дека авионот претрпел механички дефект пред да се урне и дека пилотот е меѓу загинатите.

„Во несреќата загинаа 25 деца, пилотот и еден наставник“, изјави Саједур Рахман, помошник на главниот советник за здравство.

„Ф-7“ е последната и најразвиена варијанта на кинескиот авион „ченгду Ј-7/Ф-7“. Во 2011 Бангладеш потпишал договор за купување 11 вакви авиони, од кои последниот бил испорачан во 2013.

„Авионот за обука ‘Ф-7‘, произведен во Кина, доживеал технички дефект неколку моменти по полетувањето. Пилотот се обидел да го пренасочи авионот кон помалку населено подрачје пред да се урне во кампусот на училиштето и колеџот ‘Мајлстоун‘“, соопшти војската.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни