Учениците во повеќето средни училишта во Белград ја бојкотираат наставата денес и утре во знак на поддршка на Дијана Хрка. Според Сојузот на средношколци на Србија (УНСС), вкупно 23 училишта се во блокада.
Според листата на Сојузот на средношколци бојкот на наставата има во повеќе белградски гимназии и стручни средни училиште, како и во гимназиите во Младеновац, Обреновац, Чачак, Лазаревац и Панчево.
Голем дел од учениците од овие училишта денека ѝ се придружија на Дијана Хрка која неколку денови штрајкува со глад пред Собранието барајќи правда за нејзиниот син
Во писмото од Министерството за образование до директорите на средните училишта се наведува дека сите отсуства ќе мора да бидат забележеани и истите ќе мора подоцна да бидат оправдани.
Алекса, средношколец од Првата белградска гимназија, претходно денес за Н1 објасни дека кога минатиот пат бил организиран бојкот поради Петтата белградска гимназија, ситуацијата била иста – биле евидентирани отсуства.
„Ќе се бориме да го извлечеме најдобриот интерес од тоа и некако да се справиме со тоа како тие отсуства ќе бидат оправдани. Ситуацијата е иста и во другите училишта“, рече тој.
Тој додаде дека над 15 училишта во Белград бојкотираат и дека тие „прават она што треба да го прави секој граѓанин – ја поддржуваат Дијана Хрка пред Парламентот“.