22 илјади луѓе се тепаа со домати во Буњол во Шпанија

Улиците на градот Буњол на истокот на Шпанија во средата беа преплавени со црвен сок, додека луѓето меѓусебно се гаѓаа со презреани домати на традиционалниот фестивал Томатина, што привлече многу посетители.
Фото: X@JuanFranFines

Отприлика 22 илјади луѓе, облечени во бела облека учествувале во лудилото кое го зафаќа Буњол, град кој се наоѓа 40 километри западно од Валенсија.

Седум камиони донеле 150 тони зрели домати кои биле поделени на учесниците на фестивалот, многу од кои биле од странство. Сите тие кои не живеат во Бунол, за учеството плаќаат 15 евра, додека локалните жители може да се борат со домати бесплатно.

„Сакаме домати. Затоа одлучивме да дојдеме и супер ни е“ вели Тејлор која дошла од Австралија.

Почетокот на едночасовната „битка“ беше означен со петарди откако еден од натпреварувачите успеа да се качи на лизгавиот, натрупан столб за да ја зграпчи пршутата што висеше од врвот на столбот.

По завршувањето на битката, екипа за чистење вооружена со црева за вода беше испратена да ги исчисти улиците од доматите.

Доматите кои се одгледуваат специјално за фестивалот се сметаат за премногу кисели за човечка исхрана.

Според официјалната веб-страница на Томатина, фестивалот е основан во 1945 година. Се започнало со тепачка кога млади луѓе кои се обиделе да гледаат парада одблиску. Тие собориле еден од учесниците. Неколку луѓе зеле домати од штанд и ги искористиле како импровизирани проектили додека полицијата не го воспоставила редот.

Следната година, младите повторно ја организирале „битката“, но сега носеле свои домати. Настанот накратко бил забранет во 1950-тите под фашистичката диктатура на генералот Франциско Франко, но продолжил во 1959 година со одредени правила.

Извор: ХРТ

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни