Коперник, програма на Европската унија за набљудување на Земјата

21 јули, најтоплиот ден во историјата

21 јули, според прелиминарните податоци од Коперник, Програмата на Европската унија за набљудување на Земјата, веројатно е најтоплиот ден измерен до сега. Просечната температура на површината во неделата достигна 17,09 степени, што е малку повисоко од претходниот рекорд, забележан во јули минатата година – 17,08 степени. Коперник потврди за новинската агенција Ројтерс дека овие температури го соборија минатогодишниот рекорд. Во текот на изминатата недела топлотни бранови ги зафатија Европа, САД и Русија.

Коперник податоците ги собира од 1940 година.

Минатата година Земјата имаше четири рекордни денови по ред во период од 3-ти до 6-ти јули. Климатските промени, предизвикани првенствено од согорувањето на фосилните горива, доведоа до екстремни горештини на северната хемисфера.

Од јуни 2023 година, секој месец, 13 од нив по ред, планетата бележи рекордни топли месеци во споредба со истите периоди од претходната година, објави Коперник.

Некои научници веруваат дека 2024 година ќе ја надмине 2023 година како најтопла година откако се забележуваат подтоци.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни