21 лице загина, а 6419 се повредени за време на фестивалот на огнот во Иран

Најмалку 21 лице загина, а 6.419 се повредени за време на прославата на иранскиот фестивал на огнот „Чахаршанбе Сури“, соопштија локалните власти.

Фестивалот започна синоќа со палење на огнови, употреба на пиротехнички средства, па дури и експлозивни направи од домашна изработка. И покрај предупредувањата на полицијата, која најави дека ќе користи беспилотни летала за следење на употребата на експлозиви, регистрирани се повеќе смртни случаи.

Најмногу повредени во Техеран и Азербејџан

Според иранските медицински служби, меѓу повредените 18 лица се во критична состојба, а најмногу инциденти се пријавени во Техеран, Источен и Западен Азербејџан.


Чахаршанбе Сури е традиционален фестивал што се одржува последната среда пред Ноуруз, персиската Нова година која го означува доаѓањето на пролетта.

Популарен меѓу децата и младите, овој настан вклучува прескокнување оган, огномети и употреба на домашно изработени експлозиви, што секоја година доведува до сериозни несреќи со десетици загинати и илјадници повредени.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни