Министерството за здравство доцна синоќа излезе со соопштение за состојбата на пациентите кои настрадаа во пожарот во Кочани и кои се лекуваат во земјава и во странство.
На Клиника за пластична хирургија во моментот се хопитализирани – 10 пациенти,
На Клиника за токсикологија – 10
На Торакална – 4
на трауматологија – 2,
на Детска хирургија – 4,
на КАРИЛ – 13,
На Клиника за пулмологија – 2
Во ОБ Штип – 2
Во ГОБ 8 септември -17
Во Хируршката клиника „Св Наум Охридски“ -11
Според информациите од медицинските центри во Австрија, од шест пациенти, пет се на интензивно лекување во стабилна состојба, додека еден е префрлен на интерно одделение.
Во Литванија – четири пациенти се на интензивно лекување во стабилна состојба.
Петтемина пациенти повредени во пожарот во Кочани кои беа испратени на лекување во Анкара, Турција, од денес дишат самостојно.
Во Србија во моментот се лекуваат 30 пациенти, кои се на интензивно лекување во стабилна состојба.
Во здравствени установи во Бугарија се лекуваат 14 пациенти, од кои седум се на интензивна нега, а останатите се со помал процент на изгореници и самостојно дишат.
Во Грција се лекуваат осум пациенти, кои се стабилни и има подобрување на состојбата од претходниот ден.
Во текот на ноќта се очекува пациенти да бидат упатени во европски центри, за што Министерството за здравство изразува благодарност за поддршката која се пружа од првиот момент од нашите меѓународни партнери.