200 години стар кондом изложен во музејот во Амстердам

Во амстердамскиот Рајксмузеј е изложен редок и необичен предмет: кондом стар речиси два века, за кој се верува дека е направен од овчо црево и дека потекнува од некој бордел.

На кондомот, кој датира од 1830 година, е нацртана сцена со опатица која седи со раширени нозе пред тројца свештеници и со прст покажува кон еден од нив.

Според толкувањето на музејот, цртежот веројатно е сатира на сексуалната апстиненција која Католичката црква ја пропишува за свештениците.

Овој редок артефакт е дел од специјалната изложба посветена на сексуалноста и проституцијата во 19. век, која ќе биде отворена до крајот на ноември.

Познати се само два примерока од овој тип кондоми, што ја прави оваа поставка уште повредна од историски аспект.

„Овој предмет го осветлува и разиграниот и сериозниот аспект на сексуалното здравје“, порачаа од музејот.

Во тоа време, задоволствата често одеа рака под рака со стравот од сексуално преносливи болести – особено сифилис – како и од несакана бременост.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни