200 доброволци го спречија ширењето на пожарот во Чучер Сандево

Надежта победи над огнот во Чучер Сандево. Пожарот што со часови беснееше над селата конечно е ставен под контрола, благодарение на храброста на повеќе од 200 доброволци кои цела ноќ работеа без пауза. Со багери, камиони и лопати, жителите самите правеле ровови за да го спречат огнот да се прошири, додека другите гаселе со вода и црева од цистерни.

На терен имало само едно противпожарно возило, а жителите добиле информација дека воздушна поддршка со хеликоптер ќе може да биде испратена дури во раните утрински часови. До тогаш, тие останаа единствениот бедем пред пламените јазици.

Голем дел од акцијата се одвивала во тишина, само со светлата од машините и звукот на пламенот како сведоци на пожртвуваноста. Благодарение на нивната координација и солидарност, спречено е проширување на огнот кон куќите и блиските населени места.

Општината Чучер Сандево упати благодарност до сите жители кои се вклучиле во гасењето и апелира до надлежните институции за подобра и побрза реакција при вакви кризни ситуации.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни