Жителите на Крива Паланка и околината се сомневаат дека во водата имало тешки метали, заради кои реката добила сива боја
„По извршен вонреден инспекциски надзор од страна на Државниот инспекторат за животна средина, утврдено е дека од страна на Булмак, подружница рудник Тораница е сторен прекршок од трета категорија за кој казната е максимална и изнесува 180.000 до 200.000 евра и 10.000 евра за одговорното лице. Поведена е постапка за спогодување согласно Законот за животна средина, а Булмак извести дека во меѓу време дефектот се санира и е сопрено истекувањето на водата“, информираат од Министерството за животна средина.
Од друга страна, жителите на Крива Паланка и околината се сомневаат дека во водата имало тешки метали, заради кои реката добила сива боја. Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски информираше дека се земени мостри од водите на Крива река кои се испитуваат во приватна лабораторија за присуство на цијанид, олово и цинк.