Заклучно со месец октомври до Народниот правобранител се поднесени 40- тина претставки, за квалитетот на воздухот и за други прашања во сферата на животната средина, 20 од нив се за лошиот квалитет на воздухот, изјави Насер Зибери, народен правобранител.
Состојбите со животната средина во Македонија и реалноста не одат во прилог на уставната заложба за здрава животна средиина утврдена и во највисокиот акт на нашата земја во член 43 од Уставот рече Зибери на почетокот на дводневната Меѓународна конференција на народни правобранители и национални човекови права и Институциите за животна средина.
-Прво решение на коешто сакаме да се нафатиме е гасификација на урбаните средини , да го вратиме проектот и спешно да го тераме до крај, бидејќи тоа е долгорочно решение. Значи нов извор за греење, поевтин и кој нагло ќе го намали загадувањето, посебно во урбаните средини, во градовите. Се размислува и термоелектраните кои што се на јаглен и кои треба да се затворат до 2030 та да се заменат со гасни централи со нови системи- изјави Изет Меџити, прв вицепремиер и министер за животна средина.
Граѓаните се позагрижени за своето здравје почнаа да бараат решение по судски пат.
.