20 октомври, Ден за друштвени игри на Гоблин во Лабораториум  

Активностите се поделени на игри (наречени casual игри) и турнири. ‘Casual’ игрите се отворени за сите кои би сакале малку забава во недела, од 12 до 20:30 часот, без пријавување, со бесплатно учество, со игра од полицата на Гоблин или слободно да донесат своја, дружина за играње секако ќе има

Културно едукативниот центар Лабораториум и Гоблин во недела на 20 ти октомври организираат nиза активности, друштвени игри и турнири. Активностите се поделени на игри (наречени casual игри) и турнири. ‘Casual’ игрите се отворени за сите кои би сакале малку забава во недела, од 12 до 20:30 часот, без пријавување, со бесплатно учество, со игра од полицата на Гоблин или слободно да донесат своја, дружина за играње секако ќе има.

Турнирите почнуваат во 12 часот со Државно првенство во Yu-Gi-Oh, турнирот во Catan почнува во 12:30ч., Ticket to ride – Европа во 13:00 часот, Ravensburger брзо редење сложувалки во 14:00 часот и Magic: The Gathering во 15:00 часот. За учество на турнирите учесниците треба да се пријават на следниот линк: https://forms.gle/6Pneo2muSywxSTye6

Во интерес на поттикнување дружење и социјализација преку друштвени игри, културно едукативниот центар Лабораториум нуди одлична атмосфера собирајќи ги љубителите на овој вид на забава, од сите генерации, на едно место. Македонските компании производители на друштвени игри – ‘Final Frontier Games’ и ‘Archona Games’ ќе имаат свој штанд на кој ќе ги презентираат нивните најнови и најпопуларни игри, и ќе им презентираат на посетителите се што треба да се знае за нив. 

Самоил Петрески, еден од организаторите, изјави дека замислата е вакви настани да има еднаш во месецот. „Ние како Гоблин сакаме овој Ден на друштвени игри да стане редовен настан, кој би се случувал еднаш месечно, во текот на целата година, тоа ќе го постигнеме со обединување на сите фанови на овие друштвени игри на едно место – во културно едукативниот центар Лабораториум.„ изјави господинот Петрески.

Во делот за casual игри како дел од програмата се Pokemon TCG, Warhammer War Game, Disney Lorcana Casual и Magic: The Gathering – Commander.

„Поканата за играње важи за сите, сите возрасти и сите генерации, користете наша игра или донесете си своја, битно не седете дома: дојдете, ќе играме, ќе навиваме и најважно ќе се забавуваме заедно„ велат од Лабораториум.

Љубителите на турнири треба што поскоро да се регистрираат на линкот, за победниците има вредни награди од Гоблин.  

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни