20 мистериозни дронови над Европа: Полицијата уште истражува

Истовремено, полицијата истражува и други случаи на забележување дронови, со оглед на безбедносните загрижености кои се поврзуваат со потенцијални руски хибридни напади откриени во некои европски земји и руската сеопфатна инвазија на Украина

Данската полиција вчера попладнето соопшти дека истражува извештај за околу 20 дронови забележани над пристаништето Кеје, југозападно од Копенхаген, пренесува АП.
Регионалната полиција во изјавата, која ја пренесува Данското радио, изјавила дека нејзините службеници по пристигнувањето на местото на настанот во петок вечерта успеале да видат четири големи дронови над марината Кеје.

Полицијата била повикана од сведок кој тврдел дека видел околу 20 дронови кои потоа со голема брзина исчезнале во Кеушкиот залив.

Полицијата соопштила дека се обидува да утврди вкупниот број на дронови и нивното сопствеништво, бидејќи во моментот кога биле забележани, не била издадена никаква дозвола за летови на дронови во таа област.

Истовремено, полицијата истражува и други случаи на забележување дронови, со оглед на безбедносните загрижености кои се поврзуваат со потенцијални руски хибридни напади откриени во некои европски земји и руската сеопфатна инвазија на Украина.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни