20 години од смртта на единствениот македонски цар

Две децении како преку ТВ и радио приказните, драмите и филмовите Македонија се сеќава на неповторливиот актер Ѓорѓи Колозов. Се навршуваат 20 години од неговата смрт. Македонија во тој октомври 2003-та се прости од царот на народните приказни, семејството од својот сопруг, татко, дедо.

По дипломирањето, тој е во постојан работен однос со Македонскиот народен театар.

Неговата популарност била резултат на неговото долгогодишно искуство и мошне популарната македонска ТВ-серија „Македонски народни приказни“ засновани на збирката народни преданија издадени во 19 век од собирачите на македонски народни умотворби како Марко Цепенков, Кузман Шапкарев, Ѓорѓи Пулевски и други. Овие приказни имаат непроценливо значење за македонската фолклористика, за етнографијата, лингвистиката, националната историја и за правото и моралот на Македонците.

Почнувајќи од 1984 година, со серијата која првично била насловена како „Легенди и преданија“, па од 1986 до 2003 година како телевизиска серија „Македонски народни приказни“ во продукција на МРТ, имал снимено околу 300 епизоди.

Во Драмата на Македонскиот народен театар се вработил во 1975 г. На оваа сцена имал остварено позначaјни улоги во претставите: „Од многу ум“, „Андрокле и лавот“, „Госпоѓа министерка“, „Чорбаџи Теодос“, „Женидба“, „Воена тајна“, „Мрестење на краповите“, „Слободни врски“, „Валпургиска ноќ“, „Рекламна бајка“ и други.

Настапил во повеќе играни филмови како во македонска продукција така и во продукција на Вардар Филм во периодот на поранешна СФРЈ, меѓу кои: „Македонскиот дел од пеколот“, „Нели ти реков”, „Истрел”, „Тетовирање“ и други.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни