Романија е прва на листата на рангирани земји според тоа колку од населението не може да си дозволи здрави оброци во еден ден, покажуваат податоците на Светска банка.
Имено, во 2022 година дури 56 отсто од вкупното население во Романија не можеле да си дозволат здрава исхрана. Следуваат Македонија каде процентот на население кое нема можности да се храни здраво затоа што нема финасии е 19 проценти, следуваат Грција и Словачка со 18 проценти население кое нема пристап до здрава храна.
Според податоците на Светската Банка, пристапот до здрава храна им е достапен на 99 отсто од налението во Холандија, Швајцарија и Белгија, на 98 отсто од населението во Германија.