19 намирници кои можеме да ги јадеме без страв од дебелеење

Ако сте во фаза на слабеење и не сакате да броите калории, ви носиме список на намирници за кои не мора да се грижите дека ќе ве дебелеат.

Според Gravity Transformation – Fat Loss Experts, постојат 19 намирници од кои нема да се здебелите, без разлика колку ќе јадете. На пример, јајцата се богати со протеини, што ги прави заситувачки и ја забрзуваат метаболизмот, така што не се апсорбира целата енергија бидејќи дел од калориите се согоруваат за време на варењето. Исто така, дивиот лосос, со понизок процент на масти, е идеален за слабеење бидејќи е богат со протеини и многу заситувачки.

Кои се сите намирници на списокот?

  • Јајца
  • Дивиот лосос
  • Целер
  • Салса
  • Лут сос
  • Спанаќ
  • Супа
  • Пиперка
  • Кокички
  • Тиквици
  • Цветна капуста
  • Кељ
  • Лубеница
  • Свежи краставици
  • Кисели краставици
  • Пилешки гради
  • Зачини
  • Аспарагус
  • Гливи

Важно е да запамтите дека претерањето со било која храна може негативно да влијае на здравјето, па е клучно да се следи балансирана исхрана.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни