18 лица убиени во Газа, додека светот со падобрани доставува хуманитарна помош

Хуманитарна помош се фрла од воздух над Газа додека израелска војска уби најмалку 18 лица. Европа бара копнена испорака.

Болниците во Газа известија дека израелската војска убила повеќе од десет лица во саботата, од кои осум биле луѓе што барале храна. Палестинците секојдневно се изложени на животна опасност во обид да дојдат до храна, и покрај воздушните фрлања на помош и ограничувањата за влез на копнена хуманитарна помош, пренесува Euronews.

Авиони од европски и други земји во саботата фрлија хуманитарни пакети од авиони во аза. Но, хуманитарните организации и жителите велат дека помошта е далеку од доволна. Помошта доаѓа преку коалиција предводена од Јордан, вклучувајќи ги Германија, Франција и Шпанија. Поради блокадата на копнените патишта, тие организираа воздушни фрлања на помош.

Францускиот претседател Емануел Макрон потврди дека првото фрлање француска помош од неколку тони храна било спроведено во петокот и дека ќе продолжи во текот на викендот.

Шпанија фрли 12 тони помош преку 24 падобрани — доволно за околу 11.000 лица, според шпанскиот министер за надворешни работи Хосе Мануел Албарес.

Германија извести дека фрлила 14 тони храна и медицинска помош, но германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадепфул рече: „Доволни количини хуманитарна помош можат да стигнат до луѓето само по копно.“

Италија и Холандија најавија дека ќе започнат со воздушни фрлања следната недела.

„Очекуваме Израел да стори повеќе за да овозможи копнен пристап за хуманитарна помош и целосно да ги испочитува своите обврски со ЕУ,“ изјави холандскиот министер за надворешни работи Каспар Велдкамп. „Хуманитарната катастрофа во Газа мора да заврши.“

Италијанскиот министер Антонио Тајани изјави дека зелено светло е дадено на воените сили за транспорт и фрлање основни намирници за цивилите во Газа.

Според хуманитарни работници, гладот во Газа расте во изминатите 22 месеци поради строгите ограничувања за влез на помош. Експерти предупредуваат дека „најлошото сценарио на глад веќе се случува.“

Состојба на теренот

Најмалку 18 лица се убиени од израелска стрелба во саботата, според локалните болници — осум од нив барале храна.

Кај хуманитарен пункт на Gaza Humanitarian Foundation (GHF), сведокот Јахиа Јусеф опиша сцена на паника што станала секојдневие. Откако помогнал да се однесат тројца ранети, видел многу други како крварат на земја.

„Секој ден исто сценарио,“ рече Јусеф.

GHF преку медиумскиот оддел изјави дека „немало инциденти“ на или во близина на нивните четири хуманитарни пунктови.

Сепак, активностите на групата се обележани со насилство и контроверзии. Израел и GHF тврдат дека користат само предупредувачки истрели и дека бројот на загинати е пренадуван. Израелски напад, според Министерството за здравство во Газа, погодил семејна куќа помеѓу градовите Заваида и Деир ал-Балах — загинале двајца родители и трите нивни деца.

Друг напад погодил шатор близу затвор во кој се сместени раселени лица во Кан Јунис — убиени се мајка и нејзината ќерка. Израелската војска не даде изјава за овие напади ниту за смртните случаи кај пунктовите за хуманитарна помош.

Семејствата на заложниците протестираат

Семејства на израелски заложници кои се сè уште во Газа, протестираа во Тел Авив, барајќи владата да дејствува за нивно ослободување. Им се приклучи и специјалниот пратеник на претседателот Доналд Трамп, Стив Виткоф.

Од 251 лице киднапирани од Хамас на 7 октомври 2023, околу 20 сè уште се живи, според проценки. Во нападот на Хамас на 7 октомври 2023, беа убиени 1.200 лица, главно цивили.

Војната потоа, според Министерството за здравство управувано од Хамас, предизвика смрт на над 60.000 Палестинци — главно жени и деца. Израелската армија соопштува дека изгубила речиси 900 војници.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни