18 главна сесија на „Графичка работилница Софија“ – Богданци

18 Единицата како столб за стабилност Осмицата како симбол за бесконечноста Двете бројки заедно годинава го сочинуваат стабилното и бесконечно полнолетството на графичката работилница Софија од Богданци.

Не е едноставно Македонија да се обележи на интернационалната карта на ликовната уметност како дестинација, но ете семејството Семенпееви по осумнаесетти пат докажаа дека јужната истрајност и упорност можат да вродат со плод. Не само затоа што сонцето свети најсилно во Богданци ами дека богданчани се навистина посветени и тврдоглави уметноделци на бесконечното поле на уметноста.
Сировиот талент е семе кое треба да се посади, да се негува да порасне за еден ден да даде зрел плод, така овие неуморни мецени упатија; пораснаа и запознаа со нови техники и технологии многу млади графичари од Југоисточна Европа, но несомнено и од светот.


Оваа година Графичката Работилница Софија е со малку поразлична, празнична програма, оваа година работилницата е ликовна тезга на која некогаш посадените млади семиња а денес веќе плодородни зрели ликовни растенија своите плодови ќе му ги понудат на светот.
Оваа година учество ќе земат првите уметници кои во 2007 како студенти учествуваа на првата Графичка работилница Софија а тоа се: Сања Жигиќ, Данило Вуковиќ, Трајче Павлов, Викторија Иванковска, Виктор Семенпеев и Ана Димчевска Семенпеева, Камелија Србова. Секако како и секоја година и оваа година имаме и нова гостинка а тоа е авторката Ни Таи од Виетнам како и Дамјан Ѓеоргиевски кој живее и твори во Финска.
На звршанта изложба покрај новите дела од овогодинешната полнолетна колонија ќе бидат изложени и делата со кои нашата работилница ги направи своите првите чекори кон светот. Односно ќе изложиме диптих од сите автори, од нивните дела кои биле на првата и овогодинешата работилница. Изложбата ќе го носи насловот ” Тогаш, Сега, и Засекогаш”
Да живее уметноста!

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни