17 години од смртта на Павароти, човекот кој ја доближи операта до пошироката јавност

Лучано Павароти, кој наредната година би наполнил 90 години не напушти пред 17 години на 6 септември 2007 година, оставајќи зад себе огромно музичко наследство.
Фото: Pirlouiiiit from Marseille, France, CC BY-SA 2.0, via Wikimedia Commons

Павароти е еден од најпознатите тенори на сите времиња, кој почина пред точно 17 години од рак на панкреасот. Тој беше роден во Модоена на 12 октомври 1935 година, а страста за пеење ја наследил од неговиот татко, но никогаш не се запишал на конзерваториум, туку избрал гласот да го тренира со приватни часови.

Во 1961 година ја добил улогата на Родолф во операта Боеми со што неговиот живот драстично се променил. По одличниот успех во Италија и Европа во 1967 година забележал голем успех и во Америка.

За помалку од две децении стана светска ѕвезда, која во 1990 година започна и кариера со колегите Хозе Карерас и Пласидо Доминго. Така настаа „Тројцата тенори“, а во 1992 година го одржа и светскиот настан „Павароти и пријателите“ за добротворни цели каде што пееше дуети со многу светски ѕвезди.

Кога во 2007 година открие дека боледува од тумор на панкреасот одлучи да се врати во родната Модена. Иако беше слаб и во инвалидска количка тој продолжи да дава лекции по пеење на своите ученици до последниот ден од неговиот живот.

Опелото беше одржано во главната градска катедрала пред 50 илјади луѓе, каде што присуствуваа и многу светски ѕвезди.

Павароти за време на својата долга кариера освои шест Греми награди и продаде повеќе од 100 милиони албуми приближувајќи ја операта до пошироката публика. На новите евра кои треба да се појават во 2026 година, се очекува да се најде и лицето на славниот тенор.

Лучано Павароти имаше две сопруги. Прво беше оженет со Адуа Верони во 1961 година и со неа има три ќерки – Лоренца, Кристина и Џулијана. Во 1994 година почнаа да се шират гласини дека започнал тајна врска со Николета Мантовани, менаџерка од светот на шоу бизнисот родена во 1969 година. Фотографиите кои ги снимиле папарици на кои се гледаат Павароти и Мантовани доведоа до разводот од неговата прва сопруга, кој го чинеше милиони. Со Николета се ожени во 2003 година и со неа има една ќерка Алис, а синот Рикардо починал за време на пораѓајот.

Модена, која општинскиот театар го нарече по Павароти, секоја година на 6 септември организира концерт за сеќавање на големиот уметник. Комеморативниот концерт оваа година, сепак, нема да се одржи во Модена, туку во местото Конакијо во провинцијата Ферара, каде ќе биде присутна и последната сопруга на Павароти, претседателка на Фондацијата Лучано Павароти. Тоа предизвика голема полемика помеѓу Италијанците кои сметаат дека е недозволиво да не се одбележи денот на Павароти.

Градоначалникот на Модена, Масимо Мецети, објасни дека градот работи на тоа да организира уште поголем настан во октомври 2025 година, односно Фестивал кој ќе биде посветен на операта. Мецети додава дека Николета Мантовани одлучила за местото на кое ќе се одржи овогодинешниот настан.

Фестивалот белканта кој е закажан на 12 окомври 2025 година, датумот кога Павароти би полнел 90 години, ќе биде прилика да се оддаде чест на Павароти, но и да се промовира италијанската опера.

„Тоа е важен датум и ние сакаме да го прославиме денот кога Павароти го славеше родененот, повеќе отколку денот кога почина“ истакна градоначалникот.

Извор: РТС

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни