Унгарија и Словачка ја тужат ЕУ поради забраната за руски гас: „Цените драстично ќе пораснат“

Унгарија и Словачка најавија тужба против Европската унија поради одлуката за целосна забрана на увоз на руски гас, предупредувајќи на раст на цените и штета за националните економии.

Унгарија и Словачка најавија тужба против Европската унија поради одлуката за целосна забрана на увозот на руски гас. Тужбата ќе биде поднесена веднаш штом законот официјално стапи во сила, соопштија министрите за надворешни работи на двете земји.

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека Будимпешта ќе ги искористи „сите правни средства“ за поништување на забраната, оценувајќи дека таа е спротивна на националните интереси на Унгарија и дека значително ќе ги зголеми трошоците за енергија за унгарските домаќинства.

Лидерите на ЕУ во декември се договорија целосно да ја забранат куповината гас од руски извозници до крајот на 2027 година, додека слична забрана за увоз на руска нафта се очекува подоцна оваа година. Законот за гас денеска беше усвоен, но Унгарија и Словачка гласаа против, бидејќи двете земји во голема мера зависат од руските фосилни горива.

Унгарската влада најави дека ќе покрене постапка против Европската унија веднаш по стапувањето на законот во сила, што се очекува на почетокот на февруари. Ова е првпат Сијарто да наведе конкретен рок, иако и претходно повеќепати се закануваше со тужба.

Тој ја обвини ЕУ дека применила „правен трик“ при усвојувањето на законот, квалификувајќи го како трговска мерка, а не како санкција – што би барало едногласна поддршка од сите земји членки.

И Словачка ќе поднесе тужба против Европската унија, потврди словачкиот министер за надворешни работи Јурај Бланар, иако не прецизираше точен датум.

„Не можеме да прифатиме решенија кои не ги одразуваат реалните капацитети и специфичните околности на поединечните земји“, изјави Бланар.

Извор – FoNet / Politico

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни