16-то издание на БОШ Фестивал во Гевгелија

По 16-ти пат БОШ Фестивал се манифестира во својот автентичен идентитет на јужен, топол и помалку горчлив вкус со слатко кисели примеси

Со изложба на реномирани домашни и странски уметници, утревечер во 20.00 часот се отвара 16 тиот по ред БОШ Фестивал во Гевгелија.

,По 16-ти пат БОШ Фестивал се манифестира во својот автентичен идентитет на јужен, топол и помалку горчлив вкус со слатко кисели примеси. Овој пат го глофирицираме принципот на “ направи сам“ како единица мерка за живот на алтернативната уметност и баеме против уроци за да отвориме пат за иднината. Тука сме за да ангажираме простори за творење, размена и споделување на култура. Кој урочи БОШ у очи! 16-то издание на БОШ Фестивал. ПУ ПУ машала…” стои во најавта за фестивалот.

Програма

30.08, Гевгелија- 20.00 часот

„Comic Glitch Project“ – Анестис Мавроматис Парадисис – изложба на цртежи / Дом на култура

Анестис е самоук уметник, а дипломиран филозоф, роден во Солун, живее и работи во Мадрид. Наградуван во областа на цртеж и илустрација. Анестис е влубеник во фантастичните светови и замислените суштества. Сака да црта дворски шутови, гротексни демони, гноми, жаби и печурки. Обожува да лута по шумите и да собира илустрирани книги и цртежи. Како што подвлекува самиот уметник особено е среќен што ќе има можност да гостува во Гевгелија и да покаже дел од својата работа презентирајќи илустрации, линорези и стрипови од 2017 до денес.

„Одвиткување“ – Илина Ѓорѓиевска (Македонија), изложба на колажи / Дом на култура.

„Одвиткување“ е самостојна изложба на колажи. Спојување на исечоци или искинати делови од хартија или списанија како мал универзум, во којшто различните елементи коегзистираат и се преплетуваат, формирајќи уникатен свет со нови приказни и значења. Визуелни дневници на лична и интимна трансформација. Начин на приземјување. Ослободување. Секој колаж е едно патување – од хаос до ред, или од ред до хаос. Исто така колажот е и истражување. Себе истажување, на моментална состојба, поривите, стравовите…она што не плени и она кое што не успокојува. Никогаш композицијата не е однапред испланирана, напротив таа се создава самата од себе се до моментот на интитувно завршување на процесот.

„За следнито сад“ – Андреј Јулхер (Србија) – изложба на графики / Дом на култура

21.30 часот – „По текот на Сува Река“ – Иван Ивановски и Дамјан Ѓуров (Македонија) – изложба на скулптури / Галерија Амам

Текот на животот ја резба земјата по патеките на нашите минувања. Скулптурите на оваа изложба се остатоци од овие движења, зацврстени во метал, измазнети во камен.

22.30 часот: Ди-џеј сетови на Мартчин и Маги / Кафе бар „У“БОШ забавата продолжува со техно и хаус музика.

Најново

Последни колумни