16 американски модни дизајнери се здружија со претседателската кампања на Камала Харис со цел да ги засилат нејзините пораки и да мобилизираат гласачи пред изборите во ноември.
„Потпретседателката Харис и гувернерот Тим Волц се борат за иднина која ја засилува нашата демократија, ги штити репродуктивните слободи и обезбедува можност за секој не само да се снајде, туку и да напредува“ вели Меган Бурдил, советник во кампањта.
„Дизајнери за демократија е група на почитувани американски дизајнери кои веруваат во таа визија и работат за тоа Харис и Волц да влезат во Белата куќа“ додава тој.
Колекцијата посветена на изборите беше објавена вчера и вклучува облека и додатоци дизајнирани од Аурора Џејмс, Тори Бурч, Прабал Гурунг, Том Браун и Виктор Глемод. Од 16те дизајнери кои учествуваа, петмина прв пат се вклучуваат во претседателските кампањи – Ула Џонсон, Серџо Хјудсон, Вили Чавариа, Рејчел Скот и Бетина Бенсон. Тие им се приклучуваат на Брет Хејман, Вера Ванг и Џозеф Алтузара, кои претходно дизајнираа за кампањата на Бајден во 2020 година.
Според Бурдик, секој дизајнер имал задача да ги вклучи темите на кампањата, како и прашањето кое најмногу ги погодува.
Аурора Џејмс, креативна директорка на Brother Vellies и основачка на Fifteen Percent Pledge, креираше два комплета со ребрести чорапи со кои го крева гласот за репродуктивни права и гласање; маица со зборовите „Америка е идеја“ зборува за тоа колку е значајна оваа изборна година за неа.
„Најважното прашање за мене оваа есен е единството и сочувството“, споделува Џејмс. „Предолго, луѓето што личат на мене беа терани да чувствуваат дека не припаѓаме овде. Но, Америка ни припаѓа на сите нас, подеднакво“.
Вили Чаварија и Вера Ванг дизајнираа со слоганот „Камала Харис 2024“, додека Виктор Глемод и Бетина Бенсон создадоа парчиња што ги истакнаа темите на кампањата: Глемод одекна со „Ние не се враќаме назад“, а Бетина Бенсон напиша „Ја избравме слободата“. Серџо Хадсон и Џонатан Коен создадоа дуксери со натпис „Гласај“, додека Тори Бурч дизајнираше маичка во чест на демократијата.
„Гласањето е чест и привилегија, а демократијата најдобро функционира кога сите учествуваат“, изјави Бурч за Вог.
Дизајнираните парчиња се продаваат со просечна цена под 50 долари и сите се изработени во САД. Сите дизајнирани парчиња може да се нарачаат од официјалната страница на кампањата на Камала Харис.
Извор: Вог