16 номинации за Оскар за „Грешници“

„Грешници“ го надминаа досегашниот рекорд од 14 номинации, кој го држеа култните „Сè за Ева“, „Титаник“ и „La La Land“
oscar statue

Објавен е кончениот список на номинации на годинешното издание на Оскарите.

 „Sinners“ (Грешници) го собори рекордот со 16 номинации а „Wicked: For Good“ не доби ниту една номинација.

„Грешници“ го надминаа досегашниот рекорд од 14 номинации, кој го држеа култните „Сè за Ева“, „Титаник“ и „La La Land“.„Една битка по друга“ доби 13 номинации, додека „Марти Суприм“, „Франкенштајн“ и „Сентиментална вредност“ добија по девет номинации.

Филмот „Грешници“, сместен во Америка од 1930-тите, во време на сегрегација и прохибиција, комбинира историска драма, блуз-естетика и елементи на хорор. Во центарот на приказната се близнаци гангстери кои планираат да отворат илегален бар, а ги толкува Мајкл Б. Џордан, за кого се очекува номинација за најдобар актер.

Оскарите ќе се доделат 15 март, во Долби театарот во Лос Анџелес.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни