Во понеделник, на 28 октомври од 20 часот во Скопје, во Лабораториум, 16 најпознати дизајнерки и дизајнери, како и нови надежи, донираа свои модни дела што ќе се наддаваат на аукцијата. Донираните средства ќе бидат наменети за првиот филантропски фонд во земјава.
Настанот е дел од кампањата „Денови за донирање“ и дел од проектот на УСАИД „Партнерства за донирање“ спроведуван од Конект во партнерство со Европскиот центар за непрофитно право, Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, Индиго и Американската стопанска комора во Северна Македонија.
Донираните средства ќе бидат наменети за првиот филантропски фонд. Годинава фондот ќе поддржи 4 иницијативи: Фонд за заштита и превенција од пожарите на нашите шуми, центар за развој на децата со попреченост со употреба на најнови технологии;, првата позајмувачница на помагала за сограѓан(к)ите болни од рак, едукативна програма за младите да ја градат својата иднина и кариера тука.
„Ве покануваме да бидете дел од нашето друштво на филантроп(к)и и вљубеници во модата. Да наддаваме заедно и да ги здружиме донациите за влијателни промени“, велат од Конект.
Каталогот на модната аукција ќе биде дополнително споделен и ќе содржи креации на: Никола Булески, Лидија Георгиева, Никола Ефтимов, „Алшар“ на Силвија Михајловска, Ирина Тошева, Росица Мршиќ, Катерина Тошева, „ Terziya “, „ Bella “, „Milkbride“, Александар Стојанов-Зорин и студентите на „Скала“: Сара Величковска, Михаела Штерјова,Татјана Гиновска, Марија Трајковска, Снежана Ефковска под менторство на Никола Булески, Александар Ношпал, Катерина Блажевска Тошева и Антонија Гугинска Јорданоска.