16 години сеќавања за Проески

Tose Proeski - koncert za zaljubljene u areni BG 14.02.2007 foto milena andjela

Денеска се навршуваат 16 години од смртта на еден од најпознатите македонски пејачи, Тоше Проески. Проески трагично го загуби животот на 26-годишна возраст на 16 октомври 2007 година, во страшна сообраќајна несреќа што се случи кај Нова Градишка, на автопат во Хрватска.

Веста за неговата смрт го потресе целиот Балкан, а многумина и денес, 16 години подоцна, не можат да се помират со големата загуба.

Семејството, пријателите, фановите и бројните колеги на Тоше од година во година со емотивни зборови ја одбележуваат годишнината од неговата смрт и ја искажуваат својата тага за прекумерната загуба.

Тоше Проески постхумно беше прогласен за заслужен граѓанин на Македонија. Денот на неговиот погреб 17 октомври беше прогласен за ден на национална жалост.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни