15-то јубилејно издание на Меѓународниот фестивал на класична гитара „Тремоло”.

На „Тремоло“ оваа година скопската публика ќе може да ужива во три концертни вечери на кои ќе настапат домашни и странски светски познати гитаристи.

ЈУ. Детскиот културен центар „Карпош” со гордост го најавува 15-то јубилејно издание на Меѓународниот фестивал на класична гитара „Тремоло”.

Фестивалот „Тремоло“ е културен настан кој ги обединува љубителите на класичната гитара, студентите и професорите од Скопје, од државата, но и од светот. Во текот на изминатите 15 години овој единствен фестивал во нашата земја, прерасна во престижен културен настан кој сведочи за присуството и појавата на сé поголем број светски познати уметници специјализирани за класична гитара.

Во текот на изминатите 15 години голем број еминентни солисти, педагози и светски познати уметници од областа на класичната гитара, придонесоа овој фестивал да стане препознатлив со својата уникатност.

На „Тремоло“ оваа година скопската публика ќе може да ужива во три концертни вечери на кои ќе настапат домашни и странски светски познати гитаристи.

Првиот концерт ќе се одржи на 28 октомври во Музејот на македонската борба од 19.00 часот, каде ќе настапат најдобрите млади класични гитаристи. На 29 октомври од 19:00 часот во Националната филхармонија ќе биде востински музички спектакл со гостите од Шпанија El Sonido De La Vida – Carlos Sancez, а на 30 октомври исто така во Музејот на македонската борба пред скопјани од 19:00 часот ќе настапат Jimmy Liu (Shih-yu Liu) од Tајван и Cassie Martin од Франција.

Покрај трите концертни вечери, во текот на овој музички фестивал ќе се одржат и мастер часови и работилници од областа на класичната гитара и фламенко.

Меѓународниот фестивал на класична гитара „Тремоло” е под покровителство на Град Скопје.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни