15 обвинители ќе го застапуваат обвиниението за „Пулс“

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани каде загинаа 63 лица, е закажано за на 19 ноември во Скопје

Во судскиот процес за случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани кој почнува следната недела како што денеска кажа државниот обвинител Љупчо Коцевски, ќе бидат ангажирани доволно обвинители, односно дека ЈО има екипираност и веќе се договорени околу начинот на кој обвинителите ќе го застапуваат предметот.

„Во судница ќе го застапуваат обвинението истите обвинители што беа и досега, меѓутоа морам да нагласам дека вчера имавме состанок, најверојатно уште неколку обвинители ќе ангажираме имајќи предвид, да не се отежне односно да не се наруши постапката на другите обвинители, што имаат други предмети, што значи дека можеби не секогаш ќе присуствуваат сите обвинители, меѓутоа секогаш ќе има обвинители за да не се одолговлекува постапката или да не се одлага по, да не речам, вина на обвинителството“, изјави Коцевски, додавајќи дека обвинението ќе го застапуваат можеби и вкупно 15 обвинители.

Во однос на предистрагата за службениците од УЈП, Коцевски рече дека се води предистражна постапка во ОЈО Кочани и надлежниот јавен обвинител дал одредени напатствија и наредби за преземање на надлежните органи на одредени процесни дејствија.

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани каде загинаа 63 лица, е закажано за на 19 ноември во Скопје.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни