143 години од раѓањето на Милтон Манаки

Во чест на неговото дело и делото на неговиот брат Јанаки од 1979 година се одржува престижниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“

Денеска, деветти септември 2025 година се навршуваат 14 години од раѓањето на Милтон Манаки, првиот македонски и балански снимател, заедно со неговиот постар брат Јанаки.

Роден е во 1882 година во селото Авдела, денешна Грција. По завршувањето на основното образование во родното село, татко му Димитри го запишал во романското трговско училиште во Јанина. Но Милтон по само една година го напуштил школувањето, и на 13 годишна возраст се вратил во селото, минувајќи го времето со другарите. 

Во 1904 година се преселил во Битола заедно со брат му, бидејќи таму изградиле фотоателје на главната улица Широк Сокак. Во Битола за првпат видел кинопретстава, и автомобил по градските улици

Првите снимки ги направил во 1905та година. Главни негови трудови се: репортажа за престојот на последниот османлиски султан Решад во Битола во 1911 година, епизоди од Балканските војни и др. Носител е на Илинденска споменица 1903, на наградата за животно дело во Пула 1963 како и на многу други награди.

Во текот на Првата светска војна, при гранатирање на Битола погодено е ателјето и бил уништен фотоапаратот и друга опрема. Во 1919 година, Јанаки и Манаки со заеднички напори го обновиле фотоателјето и решиле да ја прошират дејноста. Во 1921 година, набавиле кинопроектор, и на 16 август истата година започнало да работи киното „Манаки“, во почеток, како летна кино-бавча. Наредната година се зафатиле со изградба на наменска кино сала, која била готова во 1923 година.

На 4 ноември 1944 година единиците на Седмата битолска бригада на НОВ на Македонија ја ослободиле Битола. Милтон го овековечил историското влегување на македонската војска и пречекот приреден од граѓаните на Битола, како и големиот митинг на 8 ноември истата година. Во овој период, Милтон направил преку 4.500 фотографии, меѓу кои портрет на Лазар Колишевски, како и серија фотографии од престојот на Јосип Броз Тито во Битола, во 1957 година.

Милтон Манаки починал во 1964 година, на 82годишна возраст.

Во чест на неговото дело и делото на неговиот брат Јанаки од 1979 година се одржува престижниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни