Младински културен центар, на 11 октомври од 19 часот го најавува 14. издание на фестивалот за нова музика „Здраво млади“.
„11 Октомври – Денот на народното востание, МКЦ Скопје, ЗДРАВО МЛАДИ востание!“, стои во најавата на МКЦ.
Од таму најавуваат дека влезот ќе биде слободен, а присутните ќе можат да проследат настапи на 17 различни, возбудливи, експлозивни артисти од 6 држави.
„Програмата е реализирана со специјалната селекција на издавачката куќа ‘Мртов коњ / Гола планина’, како и издавачката куќа ‘YUGOFUTURISM’ од Ротердам со селекција на холандски бендови“, стои во најавата.
Програмата на фестивалот
Низ МКЦ:
Курирано од „Гола планина / Мртов коњ“: АТА (MKD)ATA започна како музички соло-проект изведен од страна на Атанасија Гулевска, а потоа прерасна во групација налик миниколектив. Класифицирана од некои како darkwave / trip – hop, музиката на АТА e впуштена воавантурата: непрестано спознавање низ звукот. Во тек е работата во студио, новите материјали ќе може да се чујат во многу скоро време. Нејзината најновата песна, која излезе е насловена
„ОЧИ“ .KLOTLJUDI (SRB) Одбележани како страст и вкус од Источна Европа, Klotljudi се чудните бунтовници од „големиот град“. Во својот „антирок“ ja позиционираат поезијата и филозофијата над политичкото и општественото. Психотично-хаотичен повик од српското подземје. Со главата климаат кон истакнатите белградски уметници од новиот бран на 80-тите, во комбинација со стилски восхит кон поновата лондонска музичка сцена.
СТОЈ, ПОСЛЕ (MKD) Стој, После! започна како соло-проект на Мартин Џорлев, но брзо стана вентил за импровизирани изблици на краутрок, дрон, фолк и постпанк. Се свират песните од сите четири албуми, но поснажно. Станаа бенд.Мартин е сега придружен од Борјан Гаговски, Филип Павловски, Александар Галевски, Андреј Ѓоршевски и Иво Николовски. Придружете се на мантрата.
DIMISH (MKD)Dimish е младич од Скопје, кој има мисија да го врати класичниот панк-рок во игра и супер се снаоѓа во тоа. Во таа идеја го пратат Лука, Аце и Захар, бендот што стои зад него на секоја свирка, заслужен за моќни и енергични настапи. Иако релативно млада појава на музичката сцена, Dimish има едно чудо изданија, а музиката варира од панк-рок, па сѐ до инди-поп.Музиката ја прави, снима и продуцира сам во соба, а неговата цел со музиката што ја создава е да им помогне на луѓето во нивните тешки денови.
VAGINA CORPORATION (MKD)Корпорација Вагина е бенд формиран во мрачното и сиво Скопје, од каде што зема инспирирација и нивниот звук, кој честопати нивните најголеми мразачи, го нарекува Kraut-Rock-Americana-Psychodelia или скратено КРАП. Од друга страна нивните соперници во музичкиот критички свет би ги нарекле повеќе постпанк-алтернатив-рокабили-краут или скратено ППАРК.Само прегу заедничкиот луд танц може да се отворат портите за нивното долгоочекувано враќање и конечно уништување на неправдата, злото и новиот светски поредок.
ZANADU (MKD)ZANADU e млад бенд од Скопје, кој не верува дека постојат граници во музиката.За нив музиката е слобода за канализирање на моменталните емоции, импулси и енергии.Слободното и храбро пливање низ жанрови, ритми и фреквенции се начини на кои тие настојуваат да го најдат звукот на кој би му се восхитувале.
ПЕПИ & ШАБАН (MKD) Кој е Пепи, а кој е Шабан?Зависи од моментот.Александар Ордев и Максимилијан Сарајлија припаѓаат на две различни генерации електронски гикови и истражувачи на звук, поврзани преку нивните заеднички опсесии во (не)променливиот модулрен Скопје град.Флуидни идентитети и извори на звук, вицотека.мк, непредвидлив и бесконечен дисколаж. Само подиумот знае.NL selection во соработка со „YUGOFUTURISM“:
TEXOPRINT (NL)TEXTOPRINT e најинтензивното нојз рок трио од Холандија, кое го промени своето име, но не и својот идентитет.ТEXOPRINT е „фабрика“ специјализирана за производство на шум на највисоко ниво.Периодов го објавија својот трет миниалбум „Mumble“, a планот е да настапат низ Европа, вклучувајќи го и „Supersonic’s Block Party“ фестивалот во Париз и „Best Kept Secret“.SØWT (NL)SØWT дејствува во срцето на холандската андерграунд музичка сцена.Мартин Клаесенс, Џеси ван Ејкен, Коен Верхис и Даниел Ворнерс одекнуваат како музичари, тонци, организатори на концерти и уметници.Тие се дел од сегашната генерација млади чувари на монументалниот простор „Stroomhuis“; ретко уточиште за креативни души што функционира како такво веќе 20 години. 2024 година започна со експлозија; бендот отсвири европска турнеја со „Mudhoney“, а во февруари го објавија својот нов миниалбум, „Things That Rhyme with Pain“.
EERIE WANDA (NL)Хрватско-холандската музичарка и визуелен артист, Марина Тадиќ, позната и под псевдонимот EERIE WANDA, започнува со пишување музика на 14-годишна возраст, кога ја добива првата гитара на подарок. Оттаму започнува нејзиниот интуитивен пристап кон создавањето музика. „Ќе бидам засекогаш фасцинирана од идеите и од местото од каде што извираат“, вели таа. „Постои магија во моментот кога идејата од малечко семе, со доволно внимание и љубов, прераснува во целосно нов универзум“.
DJ VIKENDICA (NL) Како независен промотер, агент и менаџер на издавачка куќа, Коен работи за европската андерграунд сцена повеќе од две децении. Во 2005 година, се јавува како коосновач на независната издавачка куќа „Subroutine Records“, со повеќе од 50 изданија на млади артисти.Неговата платформа „Yugofuturism“ е насочена кон поврзување, извоз и размена на нови артисти од Централна и Источна Европа. Во 2023 година го иницираше номадскиот музички фестивал „VIKENDICA“, носејќи авантуристички европски музички артисти во три легендарни холандски концертни сали во еден викенд.
На ЗДРАВО МЛАДИ ќе гостува со свој диџеј сет.LIVEUROPE selection во соработка со NL Embassy Скопје:
VELOCITY MADE GOOD (NL)Нивната музика е иновативна, директна, на моменти опасна.Наоружана со сајзери, гитари и тапани во живо, концертите на Velocity Made Good’s се движат од мирни бранови, до тешка бура, блендирајќи рафиниран EBM звук и електронски елементи, на основа на сиров рокенрол. Очекувајте вртлог на денс-подиумот и перформанс во живо, кој ја пренесува вечерта во ноќ.
За обожаватели на Underworld, The Stone Roses и 808 State.HOUSEPAINTERS (NL)Амстердамското експлозивно трио на музичката мапа се лоцира некаде меѓу њувејв, диско и даб, зачинето со мрачни, ама пулсирачки ритми. Housepainters се електронска зараза потопена во брановити вокали што одекнуваат. Нивниот прв 7’’ инчен сингл, „Fixed Position“, го издаде познатата швајцарска издавачка куќа Bongo Joe Records. Нивниот прв целосен албум излезе пролетва. Housepainters се Ана Флури, Том
IDEM (HR)
IDEM е соло-проектот на Антун Алекса, тромбонистот на „Porto Morto“ и „JeboTon“, како и гитаристот и пејачот на „Trophy Jump“. Со целосно нов израз, Антун се обидува да ги долови сите теми што му се важни, со горко–слатка нота, преку песни создадени најпрвин да бидат хит за авторот што ги создал, а потоа и потенцијален хит кај публиката. Еден од најбараните нови хрватски автори на Балканот, добар дечко!
TANDARA (HR)
TANDARA е соло-проект на истоимениот музичар, отпрвин познат на алтернативната сцена во Загреб како активен учесник во различни музички состави. Во своите настапи во живо, TANDARA комбинира панк со кршливи ритми, интроспективни текстови и чуден микс, кој истовремено и рејва и пее.
KOSMONAUCI (PL)
KOSMONAUCI се квартет со силна џез-позадина, која се потпира на хип-хоп, драм енд бејс и тотална импровизација во своето музичко изразување. Инструментацијата, која вклучува сакс, бас, вибрафон и тапани, го создава единствениот стил на бендот, балансирајќи емоционални мелодии и полиритмички структури.
Не може ЗДРАВО МЛАДИ без нашиот, ама веќе и ваш драг пријател и силен кандидат за почесно македонско државјанство – DJ FITZ од Република Ирска!
DJ FITZ и нема потреба да го најавиме. Попишан инвентар бр. 0001 на ЗДРАВО МЛАДИ, кој секоја година изненадува со суперуникатни и бизарни музички сетови, потсетувајќи дека музиката не познава граници, жанрови, ниту логика.
Холандската програма ќе се реализира благодарение на финансиската и логистичка поддршка на Холандската амбасада во Скопје. Главни поддржувачи: Министерството за култура и туризам, а партнери на МКЦ: Liveurope.